Тргнувањата од Албанија кон Италија поради тоа се запрени додека не се подобрат временските услови, пренесува агенцијата АТА.

Објавил: Весна Петровска | 7 јануари, 2020 14:55

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: Авионите не летаат, бродовите не тргнуваат преку Јадранот

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Големо невреме на Балканот, авионскиот сообраќај парализиран. Поради лошите временски услови во приморските балкански земји, дојде до откажување на авионски летови и бродски линии.

Авион кој леташе кон грчкиот остров Самор мораше да се врати на солунскиот аеродром „Македонија“, поради лошото време. Пилотот по 40 минути лет побара дозвола да се врати во Солун од безбедносни причини, пренесе агенцијата АНА.

Поради забрануваното море и силните ветрови близу брегот на јужна Италија се откажани две тргнување на фероботи на линијата Бари – Драч, соопштија од италијанското пристаниште.

Тргнувањата од Албанија кон Италија поради тоа се запрени додека не се подобрат временските услови, пренесува агенцијата АТА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести