Градските власти во Берлин ги повикуваат жителите да не отвораат прозори

Објавил: Мартин Попоски | 24 август, 2018 13:08

Голем пожар до Берлин евакуирани три села

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Три села јужно од Берлин се евакуирани поради шумски пожар на површина од околу 400 фудбалски терени соопштија германските власти.

Окоу 500 луѓе мораа да ги напуштат домовите поради пожарот во Тројенбрицен на околу 50 км од Берлин.

Пожарот избил синоќа и се проширил ноќеска под влијание на ветер. Чадот е надвиснат над делови од Берлин каде на жителите им е советувано д а не отвораат прозорци. Пожарникари се обидуваат да го локалираат пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.