Попладнево пожар избувна во близина на езерото Младост во Велес, кај село Отовица.

Објавил: Весна Петровска | 26 август, 2019 16:04

Голем пожар кај Велешко езеро – пожарникарите се борат со пламените јазици

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Беснее голем пожар во Велес, пожарникарите на терен.

Попладнево пожар избувна во близина на езерото Младост во Велес, кај село Отовица.

Противпожарните екипи се на терен, а од општина Велес советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност.

„Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.“ -апелираат од Општината.

Исто така уште еден пожар во Македонија е активен.

Втор ден активен шумскиот пожар во Охрид, активиран кризниот штаб

Пожарот во близина на патот Охид – Ресен веќе втор ден беснее активиран е и кризниот штаб.

Надлежните велат дека опожарени се околу 50 хектари борова и дабова шума но простор за паника дека огнот ќе стигне до населените места нема. Според првичните сознанија се претпоставува пожарот е подметнат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести