Како што пренесува Прес 24, Трајковски заминува од функцијата директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, за да биде нов генерален директор на Еуростандард банката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2019 16:23

Горан Трајковски дал оставка од Дирекцијата за заштита на личните податоци за друга директорска финкција?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци, сега веќе е познато и каде ќе продолжи со работа.

Како што пренесува Прес 24, Трајковски заминува од функцијата директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, за да биде нов генерален директор на Еуростандард банката.

Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година.

Трајковски за прес 24 изјавил само дека заминува на друга функција, но не потврдил дека се работи за Еуростандард банка.

Трајковски за Плусинфо навести дека ќе оди на друга функција, но одби да открие детали. Тој само кусо ни изјави да почекаме да заврши со оставката.

Трајковски во оставката, доставена во Собранието во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Во оставката се заблагодарува на довербата да биде избран за директор, во како што вели, период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе. Инаку Трајковски беше назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци на  11 јануари 2016 година.

„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на личните податоци силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да ги поставиме согласно европските вредности“, пишува меѓу другото Трајковски во оставката.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.