Поранешниот близок човек на Никола Груевски

Објавил: Узунов Бобан | 20 мај, 2019 9:33

Првата метла за функционер од ВМРО: Горан Трајкоски поднесе оставка од директор во ДЗЛП

Фото/Текст извор: ©магазин

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Трајковски во оставката поднесена до Собранието  пишува дека од лични  причини си оди од челната позиција на ДЗЛП. 

ПРИВАТЕН ЖИВОТГоран Трајковски е во втор брак, и е татко на две деца. Првата сопруга, сега почината, му беше Габриела Коневска Трајковска, Вицепремиер за евроинтеграции во првите две влади на Груевски.ПОЛИТИЧКА КАРИЕРАГоран Трајковски беше директор на УЈП од 2006 година, откако ВМРО ДПМНЕ е на власт, се до почетокот на 2016 година. Ја наследи Петра Митева. Инаку, тој беше на челната позиција во скопската УЈП, кога на власт беше гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љубчо Георгиевски.На 11 јануари 2016 година, Горан Трајковски е назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Заминувањето на Трајковски од директорската позиција во УЈП, според некои информации, било дел од политичкиот договор во Пржино, за излез од политичката криза во која влезе Македонија, бидејќи името на Трајковски беше доста споменувано во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата.Работата на Управата за јавни приходи беше критикувана и во извештајот на германскиот експерт Рајнхард Прибе, кој понуди и препораки за ослободување од политичките стеги на оваа институција.

Тој во оставката се заблагодарува на довербата да биде избран за директор, во како што вели, период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе.

„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на личните податоци силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да ги поставиме согласно европските вредности“, пишува меѓу другото Трајковски во оставката.

Тој ја истакнува поддршката од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

„Верувам дека оваа клима на отворена поддршка и препознавање на значењето на заштитата на личните податоци во време на интензивни информатичко-технолошки развој и поврзување, време кога секој од нас волно или неволно станува граѓанин на светот, Собранието ќе го потврди со час поскоро носење на новиот закон за заштита на личните податоци кој е целосно усогласен со новата Општа регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ и со чие носење ќе успееме да останеме во целост усогласени со европското законодавство. Ве молам да ја прифатите мојата оставка“, пишува Трајковски.

Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година. 

Присутен и во бомбите на Заев

Името на Трајковски, беше дел од повеќето „бомби“. Во телефонските разговори што Трајковски ги води со некои функционери од владата можеше да се слушне како се нарачуваат селективни контроли на фирми што не се блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како се изрекуваат казни за фирми пред изборни кампањи. Освен тоа, во еден од телефонските разговори, помеѓу владин функционер и сопственик на национална телевизија во која УЈП извршила контрола и биле најдени серија забелешки, наместо казна, со директорот на УЈП наводно било договорено тој сам да си ги напише записниците така како што му одговараат, без да ги има предвид забелешки од инспекторите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести