Вработените во Секретаријатот кои пристигнаа први, но не влегоа во зградата, велат дека пожарот започнал на првиот кат и според нив во зградата требало да биде само безбедноста. Пожарот е во североисточниот дел на зградата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 септември, 2020 10:00

ИЗГОРЕА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА- Пожар во зградата на Сектератијатот за европски прашања!

Фото/Текст извор: ©алсат.мк фото Алсат

Утринава во 6:55 часот пожарникарите добиле повик со кој биле известиле дека избувнал пожар со Секретаријатот за европски прашања.

Во пожарот како што извести ексклузивно Телевизија Алсат која интервенирале повеќе од 4 противпожарни возила.

Во зградата се наоѓа и Медиумската информативна агенција, а целиот објекет е евакуиран.

Вработените во Секретаријатот кои пристигнале први, но не влегле во зградата, за Алсат утринава изјавија дека пожарот започнал на првиот кат и според нив во зградата требало да биде само безбедноста. Пожарот е во североисточниот дел на зградата.

Во објектот, со локација на кеј „Димитар Влахов“, во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, изголеа канцелариите на Инспекторатот за животна средина.

Според информации од теренот, огнената стихија во зградата во којашто е сместен и Секретаријатот за европски прашања почнува да се шири и кон вториот кат.

Од Секретаријатот информираат дека нивните канцеларии, лоцирани на 4 и 5 кат, не се зафатени од огнот.

Пожарникарите се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

Во зградата се наоѓа и Медиумската информативна агенција, а целиот објекет е евакуиран.

Ексклузивното видео на Телевизија Алсат можете да го погледнете ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.