- Видов од тараса како ми гори автомобилот.Мојата ќерка толку се исплаши што вриштеше со целиот свој глас. Не знаеме кој е во прашање. Се сомневам во некој, дури имам видено неколку момци како бегаат.

Објавил: Весна Петровска | 14 мај, 2019 18:23

Гореше автомобилот на пејачката Маја: Мислам дека знам кој стои позади ова

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Автомобилот на српската пејачка Маја Радовановиќ позната како Маја Маријана (46) е запален пред три недели, на паркингот на зградата во која живее.

– Видов од тараса како ми гори автомобилот.Мојата ќерка толку се исплаши што вриштеше со целиот свој глас. Не знаеме кој е во прашање. Се сомневам во некој, дури имам видено неколку момци како бегаат.

Безбедносните камери снимиле двајца како го поливаат со бензин автомобилот.

Инаку Маја во последно време не се појавува во јавноста, ниту како порано да оди на снимање емисии.
Маја во 2015 година го остави невенчаниот сопруг Младен Шмакич од кого како што таа зборува трпела физичко и психичко насилство.

Младен, според зборовите на Маја, пред шест години брутално ја претепал поради што морала да побара и лекарска помош, а подоцна и ставила крај на таа врска.

Но тогаш Младен ги демантирал нападите на Маја и изјавил дека никогаш не бил насилен кон пејачката.

Меѓутоа, во 2017 година се пишуваше дека Маја се му простила и дека повторно се заедно. Во декември 2018 година заедно биле и на концертот на Кеба во Сава Центарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.