Лага е и изјавата дека врз гасоводот ќе се пошумува затоа што тој простор мора да остане "гол" како превенција од пожар или оштетување на гасоводот

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 8:09

“Го сакам Водно”: Лага е дека е скратена трасата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трасата не е скратена за четири километри туку е изменета во потег од четири километри а тоа значи дека ќе се исече шума со површина колку цел булевар “Партизански одреди” велат активистите од граѓанската иницијатива “Го сакам Водно” обвинувајќи  ја Владата дека нема слух за нивните барања.

Оттаму предупредуваат  дека со градењето на гасоводот низ парк шумата ќе се загрози природата и ќе се наштети на животната средина.

“Не е вистина дека теренот ќе се врати во првобитна состојба и дека по неколку месеци нема да се познава каде поминува гасоводот. Да повториме по кој знае кој пат трасата не смее да се пошумува мора да остане гола за пристап на возила за да не се оштети самиот гасовод од корењата на дрвата.” – вели Андреа Јанков активист од “Го сакам Водно”.

Воедно активистите истакнуваат дека и самиот Шилегов потврдил дека има правни недоречености во целиот проект.

“Шилегов пред осум месеци има кажано дека е пропуштен правен сегмент дека студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина е стара дека изградбата на гасоводот не значи дека треба да се уништи парк шумата.” – вели Татјана Стојановска активист од “Го сакам Водно”.

Еколошките здруженија предупредуваат дека со изградбата на гасоводот нема да се намали загадувањето на Скопје и посочуваат дека Владата ги доведува во заблуда граѓаните дека уште есенва ќе ги почувствуваат придобивките од гасоводот. 

“Сите градови кои се наоѓаат на оваа траса немаат терцијална и секундарна мрежа. Доведувањето на гас до секое семејство ќе почека долги години сигурно повеќе од пет а до тогаш дрва ќе се горат и во Скопје – Тетово – Гостивар и Кичево.” – вели Андреа Јанков активист од “Го сакам Водно”.

Од Владата за низата обвинувања од стрaна на иницијативата “Го сакам Водно” велат дека постапката за гасоводот била инклузивна и дека нa прес конференција целиот проект бил во детали образложен.

Активистите излегоа откако Владата и градоначалникот Петре Шилегов информираа дека гасоводот ќе минува низ Водно и  дека е намалена широчината на трасата од 25 на 10 метри а нејзината должина е скратена за четири километри. И покрај неколку месечните обидите  да најде заедничи јазик и најбезболно решение за изградба на гасоводот кое ќе биде прифатливо за екологистите и владата се уште нема копмромис.    

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.