Не еден туку два нови службени автомобили за Курто Дудуш

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 14:16

Градоначалникот на Шуто Оризари со две нови службени возила

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Курто Дудуш градоначалникот на општина Шуто Оризари се поднови со два нови службени автомобили “Citroen C3 Feel” и “Citroen C4 Catus Feel” за кои општината издвои нешто околу 2 милиони денари или над 32.000 евра.

Договорот за набавка на автомобилите бил склучен на 23 јули 2018 година а денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Според договорот автомобилите се набавени преку оперативен лизинг од Друштво за трговија и услуги “АВТОНОВА” – ДОО експорт импорт Скопје.

Меѓу стандардната опрема – купувачот барал автомобилите да имаат и задни светла со 3Д ефект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.