Градоначлници имале повеќе функции

Објавил: Узунов Бобан | 27 март, 2019 18:44

Градоначалниците на Бутел и Ресен си држеле по неколку функции

Фото/Текст извор: ©магазин

Двајца градоначалници се на листата на функционери кај кои Државната комисија за спречување корупција утврди судир на интереси по извршените проверки на доставените изјави за интереси. 


Д-р Живко Гошаревски е роден на 03. 11. 1973 година во Ресен.
Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје (2001-та година).
Професионалниот ангажман го започнал во 2003-тата година во ПЗУ Д-р Живаго, чиј основач и управител е токму тој. Во рамки на својата професионална кариера, учествувал на повеќе семинари од сферата на стоматологијата, за унапредување на сопственото знаење.
Активно се служи со англискиот јазик,а пасивно го владее францускиот јазик.
Во периодот од 2013-2017 е советник во Советот на Општина Ресен од редовите на СДСМ.

Градоначалникот на општина Бутел пријавил дека ја извршува и функцијата член на Управниот одбор на Градскиот трговски центар од 2017 година, а градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревки, истовремено е член на Управниот одбор на ЈП „Студенчица – Кичево“, исто така од 2017 година. 

На листата каде што антикорупционерите констатираа судир на интереси се уште 16 службени лица, кои истовремено биле директори, членови на општински совети, членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија. 

Утврдена е листа на лица што извршувале две или повеќе функции истовремено. Кај сите има судир на интереси и тие се известени дека треба да си го отстранат судирот на интереси во рок од 15 дена од доставувањето на одлуката“, рече претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, и нагласи дека поради неспојливост на функциите, превидена е и прекршочна постапка.  

 Живко Гошаревски за време на локалните избори беше дел од тимот и носител на советничката листа  од тогаш одметнатиот од СДСМ Димитар Бузлевски и беше исклучен од СДСМ.  

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.