Извори цитирани во други медиуми различно тврдат дека американскиот претседател се шегувал или сериозно се надевал да ја прошири територијата на САД.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 август, 2019 11:47

ГРЕНЛАНД МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП: “Не сме на продажба”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара начин да го купи огромниот, заледен остров.

Американскиот претседател Доналд Трамп на состаноци со соработници ја разгледувал идејата за купување на Гренланд, автономна територија на Данска.

Гренландската влада ја отфрли идејата, изјавувајќи: „Отворени сме за бизнис соработка, не за продажба“.

Гренланд, или официјално Калалит Нунат е остров во Северниот Леден Океан и автономна земја во рамките ма Кралството Данска. Иако и географски и етнички е поврзан со Северна Америка, политички и историски Гренланд е поврзан со Европа.

Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад. Гренланд е најголемиот остров во светот.

Со своите 56.749 (2012) жители, Гренланд е најслабо населена држава или зависна територија во светот. Главен град на Гренланд е Нук, а официјален јазик е гренландскиот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.