Пратеникот од ДУИ, Артан Груби во изјава ги повика колегите од ВМРО - ДПМНЕ да гласаат за уставни измени, но призна и дека ДУИ никогаш не ја поддржале идејата за референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 6:49

Груби со надеж дека има простор да се дојде до 80 гласа за уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ќе се разговара да се осигураат 80 гласови, ако треба колективно, ако треба индивидуално и мора пратениците да ја преземат одговорноста врз себе, па дури и по цена на политичката кариера, изјави Артан Груби во вечерашното гостување во телевизија Телма.

ДУИ претпочита прашањето за уставните амандмани да се реши во Собранието. Се уште има простор да се седне и да се договори решение. –  изјави пратеникот Артан Груби во Топ Тема на ТВ Телма во врска со можноста за предвремени избори ако не се постигне договор со опозицијата за промена на Уставот.

Според шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ и актуелен пратеник, има надеж да се достигне потребното 2/3 мнозинство.

По прашањето на предвремени избори, ние претпочитаме прашањето да се реши во Собранието. Сметавме дека нема потреба од рефрендум и сметавме дека пратениците имаат мандат добиен на избори тоа да го направат во Собранието. Уште има простор да се достигне до 80 гласа за усвојување на уставните амандмани и во наредните денови ќе работиме со нашите колеги од опозицијата да го постигнеме тоа. – рече Груби.

Ќе се разговара да се осигураат 80 гласови, вели Груби, “ако треба колективно, ако треба индивидуално и мора пратениците да ја преземат одговорноста врз себе, па дури и по цена на политичката кариера”.

Во ДУИ уште не се размислувало за избори со заеднички листи на актуелната власт. Ние сега размислуваме за храбри пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои би се приклучиле на мнозинството во одлучувањето по ова прашање. Сметам дека во моментов има простор да се седне и да се договори. Ако има подготвеност да се гласа и што да се добие за да се гласа, ајде да седнеме и да се договориме. – истакна Артан Груби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.