Веќе е донесена одлука за барањето на поранешниот премиер на Никола Груевски за доделување статус на политички бегалец во Унгарија од политички прогон во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 10:26

Груевски доби азил во Унгарија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали е одобрено или одбиено.

Унгарските медиуми веќе пишуваат дека барањето за азил на Груевски е одобрено.

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во таа држава.

На зградата на парламентот беше истакнат транспарент со натпис „Груевски ВИП-мигрант на Орбан“.

Будимпешта тврди дека Скопје се уште не поднело барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Пратениците во унгарскиот парламент жестоко го критикуваа премиерот Виктор Орбан поради начинот на кој Будимпешта го води случајот на експремиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој два дена пред издавање на меѓународната потерница ја напушти земјата и преку неколку држави стигна во Унгарија.

Одговарајќи на прашања на пратениците, државниот секретар Балаш Орбан рекол дека Груевски по доаѓањето во Будимпешта побарал азил, но засега нема информации во која држава побарал азил Груевски.

Балаш Орбан исто така нагласил дека Унгарија не му помогнала на Груевски да ја напушти Македонија, како и дека однесувањето на Будимпешта кон поранешниот премиер на Македонија било резултат на безбедносни причини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.