Пратеникот Никола Груевски и во политички азил, доби шест дозволи за притвор и актуелната активна казна за затвор, по што останува на платен список со право на пратенички глас

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 7:25

Груевски остана без имунитет, но со пратеничка плата и политички азил

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Собранието го одобри барањето за притвор на пратеникот Никола Груевски, констатира Талат Џафери откако со 62 гласа на мнозинството беше донесена одлуката за одземање на имунитетот на поранешниот премиер.

Во пленарната сала не присиствуваа опозициските пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, а за барањето за притвор за Груевски немаше расправа.

Претпладне Комисијата за деловнички и мандатно имунитетски прашања со пет гласа „за“ ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“.

Тој побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски. 

И Комисијата и Собранието постапуваат во една многу контрадикторна ситуација. Пред нас е поставена задача ние да одлучуваме за имунитетот на пратеник кој веќе е осудено лице кое е во бегство и кое е недостапно за органите на прогонот. Поради тоа, лично како пратеник, но и како човек морам да изразам разочарување што нашиот систем не успеа да го обезбеди присуството на осуденото лице Никола Груевски за издржување на неговата казна затвор.

Врз основа на тоа сакам да потенцирам дека мора да се доврши и темелно да се спроведе истрагата за утврдување на одговорноста за тоа точно кој дел од системот потфрлил при обезбедувањето на присуството на Никола Груевски за издржување на неговата казна затвор. Исто така, морам да посочам дека ова искуство мора да послужи за лекција за да ги идентификуваме многу брзо, да ги корегираме системските недостатоци кои доведоа до оваа ситуација и оваа контрадикторност. – рече Богоевски.

Богоевски кажа дека Груевски бил информиран за седницата и тоа по е-пошта и писмено преку пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести