Грчкиот претседател во честитката за Новогодишните празници,изјави дека во пракса покажува дека ја поддржува Македонија во членство во НАТО и Европската унија.

Објавил: admin@magazin | 22 декември, 2018 23:11

“Грција сака добрососедски односи со Македонија” вели претседателот на Грција Павлопулос

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос во честитката по повод Новогодишните и Божиќните празници, се осврна и на грчките национални прашања: турско-грчките односи, прашањето за Кипар и спорот за името, односно Преспанскиот договор.

Павлопулос во однос со Македонија ги повтори своите ставови од претходниот период – дека Грција нема да прифати толкувања кои се своеволни или зрачат иредентизам. Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето на договорот од Преспа и секако пред неговата ратификација, да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни или зрачат иредентизам, бидејќи уште ништо не е завршено, порача Павлопулос. 

Преспански договор, познат и како Договорот од Преспа — меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро. Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција. Според истиот Македонија треба да го промени своето име во Северна Македонија односно формалното име да ѝ биде Република Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како граѓанин на Република Северна Македонија и ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик.

 Тој исто така изјави дека Грција „се стреми кон пријателски и добрососедски односи и во пракса покажува дека поддржува членство во НАТО и Европската унија”, но објасни дека за тоа предуслов е решавање на прашањето со името „согласно историјата и меѓународното право, а само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции”, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.