Грчката полиција во две засебни акции заплени 211 килограми марихуана "увезена" од Албанија

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 6:58

Грчката полиција заплени 211 килограми марихуана

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во две одделени акции грчката полиција заплени над 211 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Во првата акција запленети се 125 килограми во селото Лептокарија кај Игуменица при што уапсен е албански државјанин а по проверката било утврдено дека било лице по кое трага полицијата.

Станува збор за Блендар Зотај кој според грчката полиција пред пет години успеал да побегне од затворот Патра каде издржувал затворска казна во траење од 11 години поради недозволена трговија со дрога.

И втората акција е во близина на Игуменица во која полицијата запленила 86 килограми марихуана и уапсила албански државјанин.

Дрогата била открина во автомобилот со кој патувал Албанецот (34) а ја открило куче во подот на возилото.

Годинава само во ова подрачје запленети се неколку тони додека на целата територија на Грција околу осум тони марихуана пристигната од Албанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.