Во текстот под наслов „Атина е загрижена за случувањата на Балканот“, весникот ја анализира ситуацијата во регионот по Самитот на ЕУ и француското вето, но и ставовите на Грција за темите кои директно ја засегаат.

Објавил: Весна Петровска | 28 октомври, 2019 10:17

Грчки медиуми: „Торпедото“ на Макрон за европската перспектива на Македонија беше шлаканица за целиот регион

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

И грчките медиуми се уште наголемо шишуваат за одлуката на Макрон за не добивањето зелено светло за датум за преговорите со Европската Унија. Според пишувањата на грчкиот весник „Реал њуз“ францускиот претседател Емануел Макрон му мавна шлаканица не само на Македонија и Албанија туку и на целиот регион.

Во текстот под наслов „Атина е загрижена за случувањата на Балканот“, весникот ја анализира ситуацијата во регионот по Самитот на ЕУ и француското вето, но и ставовите на Грција за темите кои директно ја засегаат.

– Директното прашање што произлегува за Атина е имплементација на Договорот од Преспа. Ерга омнес виси во однос на државните документи на Македонија што се издадени пред ратификацијата на договорот, бидејќи предвиден е преоден период што е поврзан со отворањето на пристапните поглавја. Јасно е дека без датум за почеток на пристапни преговори, Скопје нема никаква обврска за промена на документите – пишува весникот.

– Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, до сега, никогаш го нема употребено новиот термин на Македонија. Дипломатски извори проценуваат дека ВМРО нема да го поништи договорот, што секако е основа за членство на Македонија во НАТО. Сепак, сметаат дека ќе почне процес што веќе го има поминато Грција со Времениот договор, односно Скопје континуирано, онаму каде што може, да го прекршува Договорот од Преспа – пишува „Реал њуз“.

Во однос на земјите од Западен Балкан, по исходот од Самитот на ЕУ, весникот пишува дека „торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Македонија беше шлаканица за целиот регион. А аналитичарите и дипломатите на кои што се повикува, се согласни дека негирањето на 27-те земји од унијата да одредат датум за Албанија, а особено за Македонија значајно го намалило зрачењето на ЕУ.

– Според дипломатски извори, заедничкото чувство во сите земји од Западен Балкан беше дека „не не сакаат и треба да видиме што ќе правиме“. Ова не е добро за Европа, но генерално не е добро за Грција. Како што објаснуваат искусни дипломати, по Самитот во Солун, европската перспектива на земјите од западен Балкан е најважната алатка во односите на Грција со овие земји – објави грчкиот весник.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.