По скандалот со приватната посета на ОН на неформална делегација на Косово, Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутереш стави крај на сите политички дилеми, Косово не е држава

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 11:24

Гутереш: За Обединетите нации Косово не е држава

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рекол дека за ОН Косово не е држава, соопшти српската Влада.

Тој додал дека светската организација ќе поддржи евентуален договор меѓу Белград и Приштина.

Брнабиќ рекла дека Србија активно учествува во мировните мисии на ОН, и дека во интерес на земјата е УНМИК да остане на Косово.

“Ова го истакнав и на состанокот на Акцијата за мир.” – рекла Брнабиќ.

Гутереш потврдил дека УНМИК ќе остане на Косово. Брнабиќ навела и дека ОН треба да биде поактивна во меѓународните односи.

На состанокот присуствувал и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ кој го повикал Гутереш да ја посети Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.