Имаме вредни здравствени работници кои прават сѐ да го подобрат животот на секој пациент. Да бидеме горди на нив! До крајот на годината отвораме банка за ткива и коска.

Објавил: Владо Марин | 10 октомври, 2020 16:37

Дадени благодарници на семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во услови со пандемија од ковид-19, во месец мај за првпат изведовме трансплантација на срце, а потоа и две трансплантации на бубрези, вели министерот Филипче!

На Европскиот ден на органодарителството, заедно со Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска оддадовме најголема почит и благодарници на семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок за го продолжат животот на друг.

Тоа е највисокиот чин на хуманост! Ова е голем успех за јавното здравство. Признанија доделивме и на Медицинскиот факултет и здравствените установи, потенцираше Филипче!

Имаме вредни здравствени работници кои прават сѐ да го подобрат животот на секој пациент. Да бидеме горди на нив! До крајот на годината отвораме банка за ткива и коска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...