Денеска во Битола по 18-ти пат одржаа комеморативен собир во знак на сеќавање за немилиот настан од Вејце што се случи во 2001 година.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 14:06

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: На Велигден обележани 18 години од најкрвавиот масакр во историја на Република Македонија !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска во Битола по 18-ти пат одржаа комеморација во знак на сеќавање за немилиот настан од Вејце што се случи во 2001 година. Делегации на општините Битола и Новаци, претставници на СВР-Битола и членови на семејствата на загинатите бранители положија свежо цвеќе.

Пред споменикот на Македонските загинати бранители од воениот конфликт од 2001 во дворот на СВР-Битола и пред споменикот „Ангел“ кај градскиот часовник во Битола положија цвеќе, градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски, заменик -градоначалникот на општина Битола Емилија Костурски и роднините на загинатите бранители.

За време на воениот конфликт во 2001 година, во непосредна близина на селото Вејце загинаа осум припадници на безбедносните сили од Скопје, Куманово, Македонска Каменица и битолчаните Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.

Масакр кај Вејце беше најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Република Македонија. Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.

Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, војниците и полицајците даваа получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Вејце од 2001 останува во колективната меморија на Македонците како место на беспримерно злосторство, симбол на можеби најстрашното од мноштвото предавства со кои е исполнета македонската историја, најголем пораз на државните институции од група терористи и бандити, зашто до денес не се оформи, а камоли да се заокружи некаква судска разврска и некој да биде земен на одговорност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam