Утре ќе се одбележат 2 години од катастрофалните поплави кои го зафатија Скопје и скопско

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 11:04

Две години од поплавите во Скопско

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скопје утре ќе одбележи две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица.

Попладнето на 6 август 2016 година скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер.

Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ – Стајковци – Смилковци и Арачиново.  Во текот на 24 часа на 6 август 2016 година во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало над 800 громови. Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја а домовите останаа без електрична енергија.

Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст – Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите.

8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.