Човекот кој на секој збор изјавува дека се што прави, го прави за младите генерации, не запре со говорот за Северна Македонија, за да му помогне на девојчето кое изгуби свест

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 7:13

Девојче се онесвети на митингот на СДСМ, Заев го виде и изигнорира

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Имено едно од децата кое стоеше на бината позади Заев се онесвести за време на говорот па претседателот на владата и СДСМ.

Во тој момент, премиерот  Заев го погледна детето кое ја изгуби свеста и продолжи со својот говор. Додека се обидуваа другите деца да му помогнат и изнесат од бината, Заев продолжи со својот говор, како ништо да не се случило.

Многу пати до сега, јавноста, но и експертите упатуваа критика за бескурпулозното користење на децата во кампањата која е во тек, за снимените спотови за референдумот каде што се појавуваат малолетни деца, за искористувањето при стоење на бина, и вклучувањето во кампањата.

Сепак очигледно е дека ниту скапо платената кампања, ниту пак жестоката пропаганда и лажните вести и искористувањето на деца за кампања не му помогнаа на Заев да ги убеди граѓаните да си го променат името и да се откажат од јазикот и идентитетот, па поради тоа тој мораше да носи со автобуси поддржувачи од другите градови на протестот во Скопје.

Има информации дека се носеа луѓе од внатрешноста на Македонија со присила и уцени. Во автобусите се делеа сендвичи, а можеше да се види и голем број на малолетни лица кои беа донесени во главниот град од кои дел од нив се качија на бината на која се случи денешниот инцидент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.