Скопјани денес без вода

Објавил: Едмонд Бекири | 11 април, 2022 7:42

Делови од Дебар Маало и Тафталиџе денеска без вода

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат делови од скопските населби Дебар Маало и Тафталиџе.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, поради уличен дефект од Ф-80 милиметри на „Јордан Хаџи-Констатин Џинот” бб, кај кафеаната „Кај Жабарот”, прекин во водоснабдувањето ќе корисниците од улиците „Јордан Хаџи-Константин Џинот”, „Ристо Шишков”, „Аминта Трети”, како и делови од булеварот „Илинден” и улицата „Наум Наумовски Борче” во Дебар Маало.

Поради изведување на приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 милиметри на улица „Осло” број 29 во населбата Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Бањалучка”.

Корисниците во двете населби ќе бидат без вода се до завршување на работите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести