Со одлука на Министерството за финансии на Грција, од 1 октомври Грците без ограничувања ќе можат да подигнуваат готовина од банкоматите.
Со тоа по повеќе од три години се укинува ограничувањето за подигнување готовина, воведено со мерките за контрола на капиталот.
Одлуката од грчкото Министерство ќе биде објавена во Службен весник, а се однесува на измени на ограничувањата во два конкретни случаи: секаков вид на подигнувања готовина без ограничување и движење на капитал во внатрешноста на земјата, додека пак во следниот период се очекува комплетно да бидат укинати ограничувањата за пренесување капитал во странство.
Ограничувањата за подигање готовина беа воведени на 29 јуни 2015, кога дневниот дозволен износ за Грците беше 60 евра.
Со текот на времето, како што се подобруваше финанската состојба на земјата, се воведуваа олеснувања, а сега граѓаните нема да имаат никакви ограничувања за подигнување готовина од банкоматите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.