Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: 

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2020 10:15

ДЕНЕСКА Е МАЛ ВЕЛИГДЕН- се слави Томина недела!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден — значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Православната црква, Источната католичка црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Велигден.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: 

„Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

Тој е познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римската империја да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет. Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротиставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. 

Свети Тома е единствениот апостол кој присуствувал на Успението на Пресвета Богородица на небото. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија. Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули. Во Православната црква, Источната католичка црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Велигден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.