На овој ден трговците најмногу манипулираат со купувачите и артиклите ги намалуваат за драстична цена но всушност тие и толку вредат. Интересно е тоа што се најавува дека попустите се за сите артикли но кога ќе посетите одреден бутик за облека, продавница за бела техника итн, ќ забележите дека всушност попустите се на одредени артикли и тоа најчесто на оние кои не се трошат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 11:58

Денеска е Црн Петок: Овие работи не треба да ги купувате на овој ден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот тренд за Black Friday или кај нас познат како Црн петок е толку широко застапен насекаде низ светот што граѓаните не може ни да претпостават дека станува збор за маркетиншки трик. 

Црн Петок е традиција во целиот свет кога продавачите ги намалуваат своите артикли за дури до 70 проценти

На овој ден трговците најмногу манипулираат со купувачите и артиклите ги намалуваат за драстична цена но всушност тие и толку вредат. Интересно е тоа што се најавува дека попустите се за сите артикли но кога ќе посетите одреден бутик за облека, продавница за бела техника итн, ќ забележите дека всушност попустите се на одредени артикли и тоа најчесто на оние кои не се трошат.

Постојат и неколку правила кои треба да ги следите при купувањето на овој ден, особено да внимавате што купувате.

Играчки

Секој родител би сакал да му купи на своето дете играчка која долго време ја посакувало а била поскапа, па на овој ден таа е на речиси половина цена. Секако родителот и детето ќе бидат задоволни но внимавајте бидејќи за овие денови само се чистат складиштата од она што останало на залиха.

Телевизори

Доколку не сте знаеле, големите компании како Самсунг и Сони веќе неколку години години произведуваат не толку квалитетни телевизори со низок квалитет, оштетени звучници, неможност за поправка се некои од тактиките и се верува дека таквите телевизори се направени токму за овој ден Црн Петок и затоа се драстично поефтини од останатите.

Како купувач секако ќе ви биде непријатно да купите телевизор кој има маана, па поради тоа побарајте го бројот на моделот кој сакате да го купите. Ако тој модел не постои во другите продавници, значи дека е произведен само за Црн петок.

Опрема за фитнес

Во продавниците за спортска облека и опрема на овој ден има големи попусти и најчесто на спортската опрема за скијање, за вежбање, за фитнес итн.  Најдобро би било да почекате со купување на опрема за вежбање каде спаѓаат соодветни патики, хеланки, тренерки, маичка од познат бренд, торбица… Размислете и ќе дојдете до заклучок дека по новогодишните празници, фитнес индустријата има најмногу конкуренција, па цените се значително пониски.

Зимска облека

Црн Петок е идеален доколку сакате да купите подарок за роденден, или неколку подароци но за себе сепак и не е толку ефтино. По зимската сезона која трае до крајот на февруари почетокот на месец март целата облека ќе биде на попуст па ќе може да си го обновите плакарот за наредната сезона.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.