Државната избона комисија на Република Македонија денес на прва работна седница

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 12:20

Денес прва седница на новата ДИК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државната изборна комисија на Република Македонија денеска ќе ја одржи првата седница по изборот на нов состав.

Новите членови на највисокото изборно тело во државата кои беа избрани на 25 јули 2018 година од Собранието на РМ се: Оливер Дерковски – претседател / Дитмире Шеху – потпретседателка и членови: Елизабета Постоловска – Јанакие Витановски – Борис Кондарко – Радица Ристеска и Енвер Салиу.

ДИК треба да  го спроведе референдумот за името Договорот со Грција што Собранието го распиша на 30-ти септември годинава.

Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со Изборниот законик и врши надзор над работата на изборните органи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести