понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Ваквата одлука беше донесена бидејќи на денешното рочиште службено отсутен беше претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2019 11:35

Денешното рочиште за „Монструм“ одложено за 6-ти мај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото: МИА

Денешното рочиште за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 6 мај, во 10 часот.

Ваквата одлука беше донесена бидејќи на денешното рочиште службено отсутен беше претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, кој ги известил судијата Осман Шабани, и Дафинка Ивановска, адвокатот на оштетените, дека нема да присуствува на денешното рочиште поради патување во странство.

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

На 8ми април, Насер Рауфи, бранителот на обвинетиот Агим Исмаиловиќ, до Судот поднел документ со кој го откажал полномошното на обвинетиот. На 12 април до Судот било испратено барање на Исмаиловиќ да му се одреди бранител по службена должност.

Случајот „Монструм“ се наоѓа во доказна постапка и се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро каде на 12 април 2012 година, на ден Велики Четврток, крвнички беа убиени младите момчиња Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. За петкратното убиство на Смилковското Езеро, на првото судење казна доживотен затвор добија Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Во декември 2017 година, Врховниот суд ги укина пресудите, и беа ослободени од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.Тогаш Врховниот суд им определи мерки на претпазливост, а по укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ во свои раце го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.