Новите членови на Државната изборна комисија денеска потпишаа свечени изјави

Објавил: admin@magazin | 30 јули, 2018 11:43

Деркоски: Референдумот ќе биде организиран сопред законските прописи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новоизбраниот претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ќе работат согласно законите за успешно да се спроведе референдумот.

– Ќе ги почитуваме Уставот и законите за да успешно ја завршиме задачата која ќе биде со спроведување на референдумот. Ажурирањето на изборниот список се прави постојано, ние ќе дадеме придонес плус за да се надминат дилемите околу избирачкиот Список, рече новиот претседател на ДИК, Оливер Деркоски.

За членовите на ДИК гласаа пратениците од сите политички партии, а седницата се одржа по деблокирањето на процесот на лидерската средба.

Свечени изјави на новите членови на ДИК, кај претседателот на Собранието Талат Џафери

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.