Министерката за правда појасни што ќе се случи ако Референдумот пропадне

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 9:12

Дескоска го појасни Заев: И да нема цензус Договорот ќе се имплементира!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерската за правда на Република Македонија го појасни Премиерот Заев.

Поранешната министерска за образование и наука – сега актуелна министерска за правда – Рената Тренеска Дескоска го појасни својот шеф – истакнувајќи дека во случај да не се исполни цензусот за успешен Референдум – Договорот со Грција познат и како Договор за промена на името ќе си остане и ќе се имплементира.

“Договорот со Грција е склучен и е ратификуван во Собранието. Граѓаните имаат можност да го поддржат или да го сменат на Референдум. Тие што нема да гласаат на Референдумот всушност не помагаат за отфрлање на Договорот. Се прашувам – дали можеби ВМРО – ДПМНЕ со евентуална одлука за бојкот – молчешкум го поддржува Договорот и се задоволни што спорот е решен а тие немаат никаква одговорност за тоа?” – појасни министерката Рената Тренеска Дескоска.

Ова воедно доаѓа по најавата на Талат Џафери дека и покрај џебното вето од Претседателот Иванов – Законот за Договорот од Грција ќе биде објавен во Службен весник на Република Македонија по завршувањето на Референдумот закажан за 30-ти септември 2018 година со што само потврди дека консултативниот елемент значи дека мислењето на граѓаните може но не мора да биде прифатено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.