Трагично е на кое ниво завршуваат интелектуалците кои под партиската послушност глумат министри кои мора да спроведуваат нелогични одлуки и барања заборавајќи си ја фелата

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 8:01

Дескоска пак се посрамоти, нема правен основ да бара естрадикција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерката за правда, Рената Дескоска, од одличен професор по материјата, стана површен партиски послушник, со што влегува од една во друга правна небулоза.

Министерството за правда, кое по забрзана постапка ги преведува документите за екстрадиција на Никола Груевски, информира дека преку други правни акти ќе се бара враќање на поранешниот премиерот во Македонија, бидејќи нема договор за екстрадиција со Унгарија.

Друг правен акт технички не постои, освен милостина.

Правните акти преку кои ќе се бара екстрадицијата на Груевски се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.

Владите на Македонија и Унгарија на 20 март оваа година потпишаа договор за полициска соработка кој потоа беше усвоен во Собранието, гласајќи меѓу другото и за соработка против илегално преминување на границите.

Но, во овој договор не се спомнува правна меѓународна соработка за кривични прашања и екстрадиција. Додека МВР очекува соработка од унгарската полиција, во меѓувреме во тек е внатрешна истрага за тоа кој му помогнал на Груевски илегално да ја помине границата.

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истрага за настаните и дејствијата, како и можните соучесници во организирањето и реализирањето на бегството на осуденото лице Никола Груевски. Во текот на истрагата се прибавени сознанија и информации и се превземаат активности за нивно потврдување. Со оглед на тоа дека истрагата е во тек, деталите ќе бидат соопштени по завршувањето на истрагата. – велат од МВР.

На идентичен начин Македонија од Грција бараше екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се во затвор во Солун.

Бидејќи со јужниот сосед немаме договор за екстрадиција, се очекува одлуката на Врховниот суд во Грција за нивно депортирање во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.