Како што стои во соопштението дел од експертите сметаат дека постојат ситуации кога маските можат значително да влијаат врз процесот на учење и да имаат негативно влијание врз училишните активности.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2020 9:06

Децата поголеми од 12 години треба да носат заштитна маска!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Децата над 12 години, треба да носат заштитни маски за лице секаде каде што и возрасните ги носат, соопшти Агенцијата на ООН за здравје и права на децата во упатствата кои ги подготвени до властите.

Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ООН (УНИЦЕФ) не препорачуваат децата на возраст од 6 до 11 години да носат маски, но велат дека треба да се земат во предвид областите со интензивна стапка на пренесување на вируси и во посебни прилики како што се училиштата, јави ДПА.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Како што стои во соопштението дел од експертите сметаат дека постојат ситуации кога маските можат значително да влијаат врз процесот на учење и да имаат негативно влијание врз училишните активности.

Тие посочуваат дека не се препорачува децата под 12 години да носат заштитни маски бидејќи тие не можат сами правилно да ги ставаат и вадат, стои во упатството што беше објавено во петокот.

Инаку повеќето од епидемиолозите го косат тврдењето дека треба да се носи заштитна маска односно дека таа би помогнала за заштита од коронавирусот.

Така вчера еден од најпознатите епидемиолози од Шведска, Андерс Тегнел излезе со тврдење дека заштитните маски не е потребно да се носат, бидејќи како што вели многу е опасно да се потпираме на нив.

-Многу е опасно да веруваме дека маските за лице би ја промениле играта кога е во прашање Ковид-19, изјавил Тегнел за Фајненшл тајмс.

Како што вели тој маските би можеле да бидат дополнување на други работи ако тие се доволно сигурни.

-Но, доколку имате маска за лице и мислите дека така можете да го наполните автобусот или трговскиот центар – тогаш дефинитивно правите голема грешка, истакнал Тегнел, кој е главен автор на шведската стратегија против коронавирусот која не предвидува рестриктивни мерки, пренесува Бизнис инсајдер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...