""Здравјето на луѓето е најважно!" - реченица која може да Ве чини. Сум затворил многу врати зад себе. Многу ретко заради себе повеќе поради принципите.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 8:03

Дејан Блажески му одржа лекција по етика на Филипче!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче – Дејан Блажески си поднесе оставка од функцијата со јасно образложение дека е човек кој има свои принципи и ставови и дека со матниот тендер на министерството од 35 милиони евра можеше да се врати половина долг на македонското здравство.

Блажески својата одлука ја образложи и на социјалните мрежи:

“”Здравјето на луѓето е најважно!” – реченица која може да Ве чини. Сум затворил многу врати зад себе. Многу ретко заради себе повеќе поради принципите. Кога ја затворив последната пред да излезам погледнав низ прозорецот. “Надвор ми е слободата.” – си реков. Кој сум јас да си играм Бог. И да. Воопшто не е лесно …

Дејан Блажески беше советник во Советот на Општина Охрид од редовите на ЛДП а во кабинетот на министерот Филипче влезе со неговото именување.

Блажески понатаму јасно става до знаење што конкретно било примарно а што секундарно во неговата одлука но и работата на министерството за здравство на Македонија.

Што со чувството со сомнеж во резултатите од анализата на крв од моето дете од детето на моите пријатели од детето на непознаниците? Резултатите може да варираат поради несоодветен транспорт поради факторот време поради неоснованоста на идејата?!

Вчера ја пренесував сопствената крв требаше да ми се измери вкупниот калциум поради некои здравствени проблеми. На само стотина метри лаборантот ме советуваше да бидам посебно внимателен и да не ја “тресам”. Кои се тие математички и темелни пресметки кога сте заборавиле да ги вклучите и другите параметри во пресметката? Жал ми е што имате несовест да го браните неодбранливото… 

Човечкиот живот не е урбанистички план. Доколку сакате пак стручно како спојувате стока и услуга во иста набавка?!

Со 35 милиони евра може да се врати половина од вкупниот долг на здравството. Читам деновиве дефокусирате со теми од здравството со далеку помал обем. Тие веројатно треба да ја покријат оваа големата.

ТодорОФ секоја Ти чест! Толку доследни ученици не сум видел.

Многу ме боли тоа што и кога ви чепкаат во здравјето се однесувате сервилно. Од што се плашите? Мора да се водиме од Хипократовата дека најважно е да не наштетиш!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.