Само предлагачот т.е. Собранието ќе има привилегии во огласувањето по медиумите со што рекламата "за" Референдумот ќе ја платиме ние граѓаните со народни пари од Буџетот

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 9:47

ДИК ќе ги утврди ценовниците за реклама на Референдумот – кој е “против” ќе мора да плати поскапо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државната изборна комисија денеска треба да изврши промена на роковникот со која рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот закажан за 30-ти септември ќе се продолжи до утре.

Само овластениот предлагач – односно Собранието има привилегиран пристап до услугите кои ги обезбедуват радиодифузерите – печатените медиуми и електронските медиуми [ интернет порталите ] предвидени со Изборниот законик.

Сите останати субјекти можат да имаат свое медиумско претставување поврзано со референдумот но пристапот до услугите на медиумите е под пазарни услови – согласно правилата и политиките за платено рекламирање на секој медиум.

Неискористените термини – медиумот може да ги продаде на други субјекти под услови договорени со субјектот кој го купил терминот. Ценовниците и условите за медиумско претставување – кои медиумите ги доставуваат до ДИК се однесуваат само на “привилегираниот пристап” на овластениот предлагач.

“Сите останати субјекти го договараат своето медиумско претставување со соодветниот медиум – под пазарни услови.” информира ДИК.

Овластениот предлагач услугите кои ги користел за јавната пропаганда ги плаќа од сопствени средства или во дадениот случај од Буџетот на Република Македонија според ценовниците определени од медиумите и доставени до ДИК. Останатите субјекти – искористените услуги за сопствено медиумско претставување ги плаќаат од сопствени средства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.