Европската Унија јасно го кажа својот став во врска со "случајот Груевски", одлуката за азил и тековните судски постапки не се нивни интерес и истите не смее да се политизираат

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 10:55

Димитров во шок, ЕУ нема да се меша во случајот “Груевски”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европската унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија.

Изјавата на портпаролката на Европската Комисија, според извори од македонското МНР, била вистински шок за министерот Никола Димитров.

Имено на новинарско прашање до портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич дали доколку Унгарија како земја членка на ЕУ одобри азил ЕУ тоа ќе го почитува, таа одговорила дека ова е случај кој не смее да се политизира.

Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релавантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира. – изјави Коцијанчич.

Министерот Димитров со ова доби потврда дека во моментот кога Груевски ќе добие политички азил во Унгарија, Македонија од ЕУ ќе биде обвинета за политички прогон на неистомисленици.

Ова ведно е прва реакција на официјален Брисел во врска со случајот со Груевски, а според протоколот, позади изјавата на Коцијанчич стојат сите челници на Европската Комисија и Советот на Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...