Шефот на дипломатијата Никола Димитров изјави дека оваа недела или почетокот на идната недела,ќе се потпише протоколот за НАТО и потоа ќе се врати во Грчкиот парламент на ратификација.

Објавил: Перо Милчин | 28 јануари, 2019 12:52

Димитров : “Македонија конечно ќе седне на столчето од НАТО”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Шефот на дипломатијата Никола Димитров, рече Македонија оваа недела или на почетокот на идната ќе го потпише Протоколот за НАТО, а на столчето во Северноатлатнскиот совет ќе седне штом Протоколот биде ратификуван во грчкиот Парламент.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров изјави дека оваа недела или почетокот на идната недела, ќе се потпише протоколот за НАТО и потоа ќе се врати во Грчкиот парламент на ратификација. Тој исто така изјави дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува по првпат на состанок на министрите за одбрана на 13 и 14 февруари во Брисел.

– Оваа недела или на почетокот на идната треба да се потпише Протоколот за НАТО. Потоа тој треба да се врати во грчкиот Парламент на ратификација. Се надевам дека потоа сите наши пријатели, а меѓу првите е Литванија, ќе го ратификуваат Протоколот во нивните собранија. Штом се ратификува во грчкиот Парламент ќе го добиеме столчето во Алијансата. И тогаш стапуваат во сила уставните измени и другите одредби од Преспанскиот договор – рече Димитров на трибината во МНР организирана од Инфо центарот за евроатлантски интеграции на која присуствуваше и министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус кој е во официјална посета на Македонија.

 Преспанскиот договор според процедурите треба да биде испратен во ОН, каде треба да добие потврда од Советот за безбедност дека е решен спорот за името помеѓу Грција и Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.