магазин.мк веќе објави дека Димитров на идеологот на СДСМ, Фрчкоски му го ветил амбасадорското место во ОБСЕ во Виена, а на Бучковски она во Вашингтон, во САД

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 10:37

Димитров “трампа” амбасадорска функција за пратеничкото столче на Мухиќ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, лиферуваат информации дека министерот Никола Димитров и немал така остар став кон пратеникот Ферид Мухиќ.

Имено се говори дека на Ферид Мухиќ, не му била само покажана “вратата” од Собранието на Македонија, како се работи за интелектуалец и човек кој не е лесно подводлив на политички притисок.

Министерот Димитров на пратеникот Мухиќ по консултации со премиерот Зоран Заев му понудил 2 опции. 

И двете подразбирале Мухиќ итно да поднесе оставка на пратеничката функција, а за замена се нуделе амбасадорски места по избор, во Федерацијата Босна и Херцеговина, во Сараево или во Белград, во Република Србија.

Ваквиот однос на Димитров веќе беше оценет како скандалозен со излегувањето во јавност на предлог имињата на идните амбасадорски решенија, кои магазин.мк прв ги објави.

Слаб министер и дипломатија без амбасадори

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести