Невремето ќе трае во следните 48 часа

Објавил: admin@magazin | 14 август, 2018 16:47

Доаѓа циклонот “Глорија”, следува големо невреме

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во следните 48 часа циклонот ГЛОРИЈА ќе условува многу нестабилно време над нашата територија па така времето ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Денес (втоник) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) повеќе услови за вакви појави ќе има во северната и во источната половина на државава додека утре (среда) особено доцна попладне и навечер во југозападните и западните предели од државава.

НАПОМЕНА: Во текот на следните 48 часа локално особено во источната, северната како и во западната половина од државава се очекува да наврне значително количество на воден талог (над 20, 30 л/м2) па токму поради тоа добро е да се предупреди на локални поројни поплави.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења и силен ветер на граѓаните ги советуваме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и да внимаваат каде се движат во случај на појава на силен ветер и каде ги ставаат своите автомобили (односно истите да не бидат во близина на дрвја).

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Со оглед на тоа дека полека но сигурно наближуваме кон есен 2018 па овој пат решивме навремено да ве информираме околу временската состојба кај нас во текот на следните месеци:

Според најновите анализи кој ние ги направивме за претстојната есен 2018 не стојат ни малку добро затоа што според моменталната ситуација се очекуваат нешто позачестени врнежи особено на запад и на југ од државава која повремено би можеле да бидат и доста поинтензивни и истите може да условуваат локални поројни поплави.

Гледано пак по температурите на воздухот истите би биле во рамките околу нормалата за есенскиот период иако повремено се можни и нешто посвежи продори од север кој би можеле да условат и подпросечни температури на воздухот.

Се на се пред нас е една доста променлива есен со нешто почести врнежи.

ГИ СОВЕТУВАМЕ граѓаните редовно да ги следат нашите пократкорочни анализи на времето кој се далеку попрецизни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...