Добредојде Брауни, стои на фејсбук профилот на зоолошката градина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 септември, 2019 16:33

ДОБРЕДОЈДЕ БРАУНИ -По 10 години се роди кафено еленче во Зоолошката градина во Скопје!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Скопската зоолошка градина побогата со уште еден нов член – еленчето Брауни, соопштија денеска од ЗОО.

После повеќе од 10 години, во ЗОО Скопје се роди кафено еленче лопатар. Утрово, нашиот Горан Анастасовски имаше можност да ги направи овие преубави фотографии веднаш по раѓањето. Добредојде Брауни, стои на фејсбук профилот на зоолошката градина.

Скопската зоолошка градина побогата со уште еден нов член – еленчето Брауни, соопштија денеска од ЗОО.

Пред неколку месеци шимпанзото Коко, кој 10 години беше на ресоцијализација во Холандија, се врати во Зоолошката градина во Скопје. Со него, се донесени уште три шимпанза.

-Пристигнаа четирите шимпанза од Холандија. Коко е повторно дома.
Со стручен тим од AAP Animal Advocasy and Protection- организација која спасува илјадници животни и каде што престојуваа Коко, Мими, Роси и Хјасл, денеска рано наутро, шимпанзата беа пренесени во новото живеалиште.

Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити.

За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, нашите вработени кои го испратија Коко пред 10 години ќе одат да се поздрават со стариот другар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.