Првото бебе елен лопатар годинава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јуни, 2019 13:51

ЗООЛОШКАTА ГРАДИНА во Скопје, доби нов член – СЕ РОДИ ЛАКИ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Зоолошката градина во Скопје доби нов член. Се роди Лаки.

Во моментов во Зоолошката градина во Скопје се градат нови живеалишта и се реновираат постојаните.

Ни се роди Лаки. Првото бебе елен лопатар годинава. Лаки е малечок дечко кој сака да ја истражува околината и да трча со останатите елени, а кога ќе се измори, може да го видите во оваа поза, напишаа од Зоолошката градина на својот Фејсбук профил.

Лавицата Акети е нов жител на Зоолошката градина Скопје

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 г. од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман. Во истата 1926 година е предложено денешното место која во тоа време опфаќала 4 хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.

Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед.

Денес, градината е сместена на површина од 12 ха и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида.

Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.