Лавицата од зоолошката во Берлин стаса во главниот град пред 5 дена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2019 10:48

Лавица од Берлин е нов жител на Зоолошката градина во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скопската зоолошка доби уште еден нов жител. Имено станува збор за 12-годишната лавица Акети, која е донесена во Скопје од зоолошката градина во Берлин објави порталот СДК.

Лавицата Акети е нов жител на Зоолошката градина Скопје

Како што соопшти порталот лавицата од зоолошката во Берлин стаса во главниот град пред 5 дена. Таа се уште не е достапна за посетителите на зоолошката бидејќи се уште се прилагодува на условите во скопската зоолошка градина. Како што пренесе порталот за сега лавицата Акети ќе биде сама, но наскоро, односно за неколку месеци во нејзиното живеалиште ќе и се придружи лав кој треба да стигне од Софија, дознава СДК

„Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и со нејзините зоо негователи. Во септември ќе стигне и лав од Софија, а во преговори сме да добиеме и бел сибирски лав од некоја од европските зоолошки градини“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

По долго боледување од тумор на кожата годинава во февруари, беше еутаназирана лавицата, но сега освен Акети има и уште три лава. 

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година. Во тоа време Градината располагала со скромен број животни. Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни. Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 495 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.

 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.