понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Инаку до сега билетот за влез во скопската Зоолошка градина чинеше 50 денари а од сега ќе биде 80 денари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2019 20:48

Поскапува влезот во Зоолошка градина Скопје- еве колку ќе чини билетот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доколку слободното време сакате да го поминете во Зоолошка градина во Скопје, отсега мора да одвоите повеќе пари. Станува збор за промена на цена на билетот, за дружење со животните од зоолошката.

Инаку до сега билетот за влез во скопската Зоолошка градина чинеше 50 денари а од сега ќе биде 80 денари.

Билетот за влез во Зоолошка градина Скопј од сега ќе биде 80 денари

Како и до сега така и натаму влезот за деца помали од 3 години и натаму останува бесплатен. Ккао што пренесува порталот СДК.МК ваквата одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во образложението вели дека поскапувањето на влезот во зоолошката се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.

Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Инаку денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 495 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.