Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Објавил: Перо Милчин | 10 јуни, 2019 0:33

Поскапеа влезниците во ЗОО: Наместо 200, четиричлено семејство ќе плаќа 320 денари!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Поскапени влезниците во Зоолошката градина во Скопје. Наместо 200, четиричлено семејство ќе плаќа 320 денари!

Едно семејство со две деца само за влез во Зоолошката градина во Скопје, наместо 200 ќе треба да плати 320 денари. Според новиот ценовник ќе се воведат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница, пишува алфа тв.

Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари. Посебно се плаќа за јавање на пони коњчињата, за возење на вовчето, за количките и секако за грицки и сокчиња.

Во Градината има 50 вработени и 7 волонтери. Од 1926 до 1991 година Зоолошката е под надлежност на Градот Скопје. Од 1991 до 2005 преминува под надлежност на министерство за култура на Р.М, а со децентрализацијата од 01.09.2005 е под Град Скопје.

Директорот изјави дека ова поскапување било симболично поради зголемените трошоци кои ги имале, но и дека парите ќе се трошеле за подобрување на условите за животните.

-Поскапувањето е симболично бидејќи имаме и многу нови животни во Зоолошката, стигнаа лавовите, од лани слоновите, шимпанзата. Постојано пристигнуваат нови птици и големи се трошоците на Зоолошката, вели Галетановски.

Зоолошката градина Скопје е зоолошка градина во Скопје, формирана во 1926 г. од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман.

Во истата 1926 година е предложено денешното место која во тоа време опфаќала 4 хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.
Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед.

Денес, градината е сместена на површина од 12 ха и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести