Столтенберг ќе биде гостин за време на потпишувањето

Објавил: admin@magazin | 15 јуни, 2018 12:53

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе биде потпишан в недела во Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа, но на територијата на БЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Најверојатно денот на потпишување ќе биде недела – 17 јуни. Како што е познато договорот ќе го потпишаат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Сведок ќе биде медијаторот од ОН, Метју Нимиц. Како што најавуваа дел од медиумите, на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Атонио Гутереш, и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„Катимерини“ пишува дека во Преспа ќе биде присутен и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.