Во 2016, Форбс го поставил Трамп како 324. најбогат човек во светот (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2019 7:43

ДОНАЛД ТРАМП: Од страмежливо дете до најбогат и нај скандалозен претседател на Америка!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Животот и делото на Американскиот претседател Доналд Трамп.

Актуелниот претседател на Соединетите Американски држави, Доналд Трамп бил роден и израснал во подрачјето Квинс во Њу Јорк каде што станал дипломиран економист на факултетот Вартон при универзитетот Пенсилванија во 1968.

Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвивжности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се применила во „Организација Трамп каде што моментално е извршен директор и претседател.

Доналд Трамп е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф. Трамп бил сопственик на Мис САД и Мис Универзум од 1996 до 2015.

Доналд Трамп исто така го користи своето презиме со цел да брендира голем број на различни производи. Во 2004 година, тој станал водител на Чирак реалити шоу кое што се емитувало на телевизијата NBC од 2004 до 2015 година (сè уште се прикажува како извршен директор на шоуто).

Во 2016, Форбс го поставил Трамп како 324. најбогат човек во светот (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.

Трамп своевремено бил кандидат на внатрепартиските избори во Реформската партија во 2000 година, но се повлекол пред да започне гласањето. Доналд Трамп исто така сакал да се кандидира на претседателските избори во 2012 како кандидат на Републиканската партија, но на крајот се одлучил да не се кандидира. Во јуни 2015 година, тој го најавил своето кандидирање за претседателските избори во 2016, и набргу станал фаворит помеѓу 17. останати кандидати од Републиканската партија.

Неговите главни ривали ги откажале своите кампањи во мај 2016, и во јули тој формално бил номиниран за републикански кандидат за претседател на републиканската конвенција. Кампањата на Доналд Трамп добила голема медиумска покриеност како и меѓународно внимание.

Голем број од неговите изјави и интервјуа, на социјалните мрежи и на неговите митинзи биле контроверзни.

Како мало дете бил многу срамежлив. Не дружел со деца на негова возраст и често играл сам во домот на своите родители. Моментално се смета за најконтроверзна политичка личност низ целиот свет. Со неговите скандалозни изјави привлекува големо внимание во светската јавност.

Бројни протести против Трамп се случиле по изборите.

Трамп победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум, и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон. На полни 70 години, Трамп ќе стане најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи Роналд Реган и Џорџ Вашингтон.

Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.
Платформата на Трамп нагласува одново преговарање на полето на односите помеѓу САД и Кина како и договорите за слободна трговија како што се НАФТА и Транс тихоокеанскиот договор, спроведување на значителен број на имиграциони закони, и изградба на зид долж границата помеѓу САД и Мексико.

Неговите други позиции се обидот за енергетска независност на САД, заменување на Реформата за здравствено осигурување и заштита на пациенти укинување на образовната иницијатива за стандардот Common Core инвестирање во инфраструктурата, поедноставување на даночните закони како и намалување на даноците воопшто и наметнување на тарифи за увезените производи на американските претпријатија кои имаат погони надвор од САД.

Трамп се залага за не интервенционистички пристап во полето на надворешните работи, во меѓувреме зголемувајќи ги трошоците за воена опрема, темелна проверка на муслиманите со цел спречување на исламскиот тероризам како и агресивна воена акција против ИСИЛ. Позициите на Трамп на одредени теми се опишани од страна на експертите како популистички, протекционистички и националистички.

Ова се сите деца на Американскиот претседател Доналд Трамп. Доналд Трамп Џуниор е најстариот син на претседателот на САД, а најмладиот е Барон, кој го има со Словенката Меланија Трамп.

Семејството на Доналд Трамп !

Доналд Трамп Џуниор е најстариот син на претседателот на САД. Тој со поранешната сопруга Ванеса има пет деца, а по разводот започнал да се забавува со осум години постарата водителка Кимберли Гилфојл.

Иванка е директор на една од организациите на Трамп, но и член на администрацијата на Белата куќа, а паралелно со тоа е посветена и на своите лични проекти во областа на модата. Во 2009 година е во брак со Џеред Кушнер со кој има три деца.

Ерик Трамп е вториот син на Доналд, а заедно со својот брат и сестра се управители на организацијата на претседателот. Познат е и по учеството во реалното шоу “The Apprentice” и е во брак со Лара Трамп. Во 2017 година, парот го доби синот Ерик Лук Трамп. Денес најмногу внимание секако привлекува поранешната манекенка и актуелна прва дама на САД, Меланија Трамп.

Со Словенката, претседателот го има 13-годишниот син Барон. Тинејџерот ретко се појавувал во јавност, но со текот на годините, неговите родители сѐ почесто го носат со себе на различни приеми и настани. Барон посетува приватно училиште каде една година изнесува околу 45 илјади долари.

Тифани е позната како примерна девојка. Пријателите за неа велат дека е многу фина и дека никогаш не ја виделе таа недолично да се однесува, дури и никогаш не ја фатиле со чаша вино во раката. Освен Тифани, американскиот претседател има три деца од првиот брак со некогашната чешка манекенка Ивана Зелничкова и синот Барон со сегашната сопруга Меланија Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.