Попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, информираат од Државниот завод за статистика.

Објавил: admin@magazin | 19 септември, 2021 13:30

До вчера се попишани 951 151 граѓанин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно со 18 септември, до 20 часот, попишани се 951.151 лица, 297.089 домаќинства и 402.768 станови!

Попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, информираат од Државниот завод за статистика. 

ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.