Најприфатена максима во народот е дека - „Политичарите лажат“ и дека во лажењето сите тие наликуваат еден на друг.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 5 февруари, 2020 13:03

До кога државната администрација ќе се третира како „татково имање“ на политичарите

Фото/Текст извор: ©магазин

Најприфатена максима во народот е дека – „Политичарите лажат“ и дека во лажењето сите тие наликуваат еден на друг. Политичарите се служат со конструкција и ширење на митови за заземање на власт, а потем и за нејзино задржување. Во предизборните кампањи се ветуваат разни работи а за компензација се бараат гласови од граѓаните како услов да се зазема власт, па потем да се реализира целата програма. Колку и ветувањата да се составен дел од предизборните кампањи, сепак денешните политичари стануваат поригидни и бескрупулозни во давањето на ветувања.

Политичарите користат секакви стимулативни мерки за привлекување на гласови. Но денешната ситуација е толку под достоинство да политичарите буквално ги купуваат своите гласачи со пари или со вработувања во државни институции.

Пред 10 – 15 години политичарите стекнуваа гласови со тоа што ветуваа – подобрување на инфраструктура, градење на патишта, канали, подобрување на условите за живот на цели села, населби и маала. На некој начин политичарите ги стимулираа гласачите со учинок во јавното добро. Сега ситуацијата е сосема поинаква, политичарите ги мотивираат гласачите со тоа што им ветуваат приватни и лични привилегии. Се врши математичка пресметка на тежината на нечиј глас, а за возврат се ветува вработување во државна или јавна администрација.

Политичарите ги претворија гласачите во цифра и се чини дека според нив не постои гласач кој не може да се купи со пари.

Оној, пак, што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари.Во секој случај државната и јавна администрација почнаа да наликуваат на приватна сопственост на политичарите кои се на власт, сите вработувања се на лојални и верни гласачи или нивни подржувачи. Доколку и постои некој што работи во државна и јавна администрација, а е независен, во тој случај се преземаат мерки на притисок, уцени или дополнителна стимулација со цел да се обезбеди гаранција дека неговиот глас ќе заврши кај властоносците. Политичките партии ја третираат државната администрација како извор на гласови и секому веќе му е јасно дека луѓе што се вработени во такви институции не го заслужиле своето место како што треба – по кадарност, образование, искуство и знаење, туку по тоа што добро ја одработиле својата партиска задача на собирање на гласачи. Тоа оди во интерес на политичарите и оние кои си добиле место во државна столица, но на штета на иднината на општеството, на кадарни и млади луѓе кои поради огромната општествена неправда одлучуваат да мигрираат надвор од ова вукојебина. Се прашувам кој ќе одговара за егзодусот на младите луѓе? Оние кои со администрацијата работат како да им е татково имање или оние кои ги продаваат своите гласови со цел да седнат на фотелја која по ниту еден стандард не му припаѓа?

Изгледот на работните простории и тоалетите низ државните и јавни институции е очаен. Вработените често се жалат на тоа дека надзорните министерства не им обезбедуваат средства за хигиена или работа. Сепак прашање е дали за да се купи еден сапун, вработените мора да чекаат управата да им одобри 20 денари?

На 6-та седница на владата е утврден колективен договор со кој на државната администрација и се враќа К15

По 1995 ова е прв грантски колективен договор со кој на административните службеници и на правосилните органи им се грантира право на К15 покрај другите привилегии. Стимулативни мерки на владата за собирање на гласови се насекаде, но сепак ова е показател за сериозен општествен дисбаланс. Состојбата во приватниот сектор е загрижувачка и ова година многу од фирмите не исплатија К15 на вработените, оние што исплатија се трудеа да исплатат минимални средства. Законот не се испочитува, инспекторите не ја завршија доследно работата, синдикатите беа мрзеливи околу одработување за работничките права. И додека на една страна постојат законски загарантирани бенефиции кои секој што е вработен во приватно претпријатие и придонесувал во профитот, не се спроведуваат, на другата страна имате расфрлање со буџетски средства.  Канцелариите на административците изгледаат очајно, старо, многу од институциите се жалат дека немаат основни средства за хигиена и за работа. Работниот простор е очаен, а на сметка на тоа имате едно столче кое го делат двајца. Во нашата ментална структура владее убедувањето дека она што е државно, автоматски не е мое. А за изгледот на државното не треба да се грижиме ние, туку власта, надзорните министерства и носители на високи политички функции. Поради тоа работниот простор на административците изгледа очајно, тие не го доживуваат како свој. Наместо да се организираат и да ги уредат своите канцеларии, да ги исчистат и направат поугодни за работа, често ќе ги слушнете како се жалат дека министерството не обезбедило средства за уредување на просторот.

Имаме проблем со разбирање на заедништво, во нашите убедувања она што е заедничко не е наше, туку е на управата

Поради нашата негрижа, политичарите како управни структури се однесуваат кон се што е заедничко како да е нивно имање. Дозволуваме да ни го наплаќаат она што е наше и од државата да прават селска задруга. Сите сме помалку одговорни за она што ни се случува, прашање на време е, кога нашата неодговорност ќе ни ја наплати казната. Ќе ги гледаме нашите деца како живеат во систем од пореметени вредности и концепти, како болно ја доживаат неправдата, живеат во беда и сиромаштија или уште полошо ни бегаат далеку од дома бидејќи туѓината им е помалку болна од своината.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...