а тие со кратка меморија кои добиваат париотска ерекција на вчерашното писание

Објавил: admin@magazin | 17 јуни, 2018 11:14

Дурловски до Митревски: Џабе везеш Фидане, доцна е за перење раце… бљак!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светски популарниот македонски оперски пејач, Игор Дурловски преку пост на својот ФБ профил реагира на пораката на режисерот Дарко Митревски кој преку колумна порача дека не се согласува со договорот за промена на името.

Дурловски кој беше притворен и обвинет за тероризам го потсетува Митревски како во колумна нападнал негов соборец од “За заедничка Македонија”, и му порачува да не се обидува да си пере рацете по нападите на актерот Владо Јовановски.

“За тие со кратка меморија кои добиваат париотска ерекција на вчерашното писание на “терцашот” да ве потсетам што пишуваше пред година дена.
Џабе везеш Фидане, доцна е за перење раце а и фалшираш…
Бљак!!!”, пишува Дурловски кој беше еден од лидерите на заедничка Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести