По постигнатиот устен договор од министерот за здравство, „Аџибадем Систина“ веднаш почна да го опремува овој капацитет и да го адаптира објектот во ковид-центар, на сопствен трошок, соопштуваат за Фактор од „Аџибадем Систина“.

Објавил: admin@magazin | 30 ноември, 2020 17:07

ЕКСКЛУЗИВНО: КАКО ИЗГЛЕДА НОВИОТ КОВИД ЦЕНТАР ВО ПОРАНЕШНАТА БОЛНИЦА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА СЕ УШТЕ НЕМА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ е во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар и секој момент очекува да ги прими првите пациенти. Ваков чекор беше преземен по прогласувањето на кризната состојба, а на иницијатива на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче по што беше одржана средба со претставници на трите приватни клиники во земјава.

-На барањето да се најде решение за дополнителни капацитети со овозможени услови, кадар, опрема и лекови за згрижување и лекување поголем број пациенти со Ковид -19, клиниките одговорија позитивно. На разговорите кои се одржаа беше прифатен предлогот на „Аџибадем Систина“ токму објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ да се користи како нов ковид-центар.

По постигнатиот устен договор од министерот за здравство, „Аџибадем Систина“ веднаш почна  да го опремува овој капацитет и да го адаптира објектот во ковид-центар, на сопствен трошок, соопштуваат за Фактор од „Аџибадем Систина“.

Kovid centarKovid centar

-Се очекува Министерството за здравство да издаде дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар. Според договореното на средбите, Министерството за здравство ќе координира која од приватните болници како и со колку ќе учествува во трошокот на овој капацитет (кој е десеткратно поголем од ветениот надомест од ФЗОМ). Се очекува издавање на дозволата за станица за довод на кислород, кој е неопходен за третман на ковид-пациентите. Го очекуваме договорениот предлог на Министерството кои се двајцата доктори кои медицински ќе управуваат со овој ковид-центар и финално се очекува Фондот за здравствено осигурување да го понуди договорот за соработка, потенцираат за Фактор од „Аџибадем Систина“.

По исполнување на овие договорени меѓусебни обврски и по проценката на Министерството за здравство дека им се потребни дополнителни капацитети, како што посочиваат од оваа приватна здравствена институција, „Аџибадем Систина“ е подготвена за неполни 24 часа да прими пациенти во објектот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...