Две лица се исчезнати, а најмалку 30 лица, од кои четворица потешко, се повредени во експлозија на улицата Сен Жак во прометниот кварт Латински во центарот на Париз

Објавил: Македонка Димкин | 22 јуни, 2023 9:54

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПАРИЗ: Две лица се исчезнати, најмалку 30 се повредени

Фото/Текст извор: ©Билд

Две лица се исчезнати, а најмалку 30 лица, од кои четворица потешко, се повредени во експлозија на улицата Сен Жак во прометниот кварт Латински во центарот на Париз во средата, соопшти полицијата, наведувајќи дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување гас.

По експлозијата се урнала фасадата на зградата во која се наоѓа дизајнерското училиште на Американската академија во Париз, а пожарот зафатил и неколку околни згради.
Ројтерс јавува дека спасувачите трагаат по две лица за кои се стравува дека се затрупани под урнатините.

Очевидци опишаа заглушувачка експлозија, проследена со џиновска огнена топка која се издигна над покривите на зградите на улицата Сен Жак, недалеку од катедралата Нотр Дам и паркот Луксембург.

Припадниците на француската армија помогнаа да се воспостави безбедносен обрач околу местото на несреќата, а повеќе од 200 пожарникари учествуваат во спасувачката операција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.